Достапни линкови

Вестервеле ја посети Хрватска


Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска му пренесе на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ дека Хрватска е блиску до членство во Европската унија. Вестервеле е на турнеја низ Западен Балкан, при што ќе ги посети Босна , Србија и Косово. Во секоја земја, Вестервеле ќе се сретне со тамошните политички лидери, бизнисмени, и невладини организации. Тој, исто така ќе ги посети германските војници стационирани во Косово , кои се дел од мисијата КФОР. Германски официјални лица изјавија дека министерот за надворешни работи при посетата треба да ја нагласи големата важност за Европа од сигурен и стабилен Западен Балкан, д апритисне за исполнување на реформите потребни за европската интеграција, и да се обиде да ја убеди Србија да отпочнес разговори со Косово
XS
SM
MD
LG