Достапни линкови

Руски бомбардери навлегле на канадски простор


Канадски борбени авиони денеска пресретнаa два руски бомбардери во Арктикот, кои се приближувале на канадски воздушен простор. Портпаролот на канадскиот премиер изјави дека канадските авиони биле приморани да ги пресретнат руските , кои навлегле 50 километри на канадска територија . Министерот за одбрана на Канада рече дека Русија не дала предупредување пред летот, и покрај барањето на Канада, Русија да го стори тоа. Советски авиони редовно летаа во близина на северно-американски воздушен простор за време на Студената војна, но престана по колапсот на Советскиот Сојуз. Пред неколку години руските авиони ги обновија таквите летови.
XS
SM
MD
LG