Достапни линкови

Бентлер:опасност од насилства во Косовска Митровица


Командантот на КФОР, генерал Маркус Бентлер, денеска предупреди на опасноста од насилство меѓу Албанците и Србите во северниот и јужниот дел на Косовска Митровица заради нивните различни политички концепции за иднината на Косово. Командантот на НАТО силите на Косово вели дека нерешеното прашање за Косово тера некои луѓе своите различни погледи да ги изразуваат со насилство. Следниот месец Бентлер го завршува едногодишниот мандат на чело на КФОР. Денеска тој оддржа последната прес конференција во Приштина, на која посочи дека фокусот на ангажманот на војската на КФОР ќе биде северно Косово и ги повика сите жители на Косово да се воздржат од насилство, независно од политичките процеси
XS
SM
MD
LG