Достапни линкови

Инвестиции во прилепско


Нов рудник започна со работа во околината на Прилеп

Нов рудник започна со работа во околината на Прилеп

Во околината на Прилеп, кај селото Нов Присад, започна со работа нов рудник, инвестиција на македонско-турски конзорциум. Веќе се ангажирани 50 работници.

Македонско-турскиот конзорциум што го сочинуваат двете фирми, „Орто-мермери„ и „При Мар Интернационал„ и покрај кризата одлучија да инвестира во рудникот за експлоатација на надалеку прочуениот прилепски мермер. Почетната инвестиција е вредна околу 4 милиони евра, а веќе се ангажирани 50-ина работници.
Овој бизнис и овој камен што го поседува Република Македонија и Општината Прилеп е еден од најатрактивните во светот. Концесијата според сите истражувања покажа дека има доста доволно капацитети за експлоатација, времетраењето на концесијата за 20 години, ни даде простор за понатамошни инвестирања и вложувања и развој на овој бизнис


,,Овој бизнис и овој камен што го поседува Република Македонија и Општината Прилеп е еден од најатрактивните во светот. Концесијата според сите истражувања покажа дека има доста доволно капацитети за експлоатација, времетраењето на концесијата за 20 години, ни даде простор за понатамошни инвестирања и вложувања и развој на овој бизнис, така да тоа ни беше предизвик и покрај кризната година, се решивме да инвестираме."

Изјави Феркан Бербери, управител на турската фирма „При Мар Интернационал„, И од „Орто-мермери„ посочуваат на бизнис-мотивите.

,,Овој конзорциум понуди најквалитетни услови, најјасна визија и најстабилна позиција во нивната визија како ова да работи. Брендот на нашиот камен да биде присутен во целата дистрибутерска мрежа."

Вели Мишо Веселиноски, директор на „Орто мермери„.Концесијата е добиена за период од 20 години, во должина од 2,5 километра. Плановите на инвеститорите се во догледно време, тука да се изгради и фабрика за финално производство на мермерни плочи, со што ќе се задоволат потребите на потрошувачите ширум светот. Зашто мермерот е во редот на производите чија побарувачка на светскиот пазар, не е условена на светските финансиски движења.

,,Значи ние имаме спремно се за нив, комплетна инфраструктура и фабрика е спремна, но динамиката ќе каже овој рудник како ќе движи, која брзина, за да можеме да дојдеме до тоа. Се што е добра светска пракса, ќе се примени."

Прилеп
Додава Веселиновски.Оваа извозно ориентирана компанија, веќе обезбедила пазари во Турција, Хонг Конг, Дубаи, Абу Даби и Италија.

,,Сега сме сконцентрирани на отворање на првите етажи во рудникот и вадење на комерцијалните блокови. Според сите испитувања и истражувања што се извршија во претходниот период, очекуваме да на годишно ниво достигнеме од 5-6 000 кубни метри."

најавува Бербери. Секако со зголемување на обемот на производство, ќе се зголемува и бројот на нови вработувања. Околината на Прилеп, особено Мариовско е се поатрактивно за странските, во најголем број грчки инвеститори кои трагаат и експлоатираат рудни богатства, што ги извезуваат на пазарите ширум светот, остварувајќи висок профит.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG