Достапни линкови

Куманово град на печалбарите, стечајците, невработените, раселените... секој живее според можностите.

Во Куманово, градот на печалбарите, стечајците, технолошки и економски вишок, на невработените секој си го уредува својот живот дел според желбите, а поголемиот дел според можностите. Раздвиженоста на луѓето по централните градски пешачки зони и двата плоштада навестува дека летото се движи кон својот крај. Граѓаните сакале или не подзастануваат пред излозите на дуќаните кои помпезно
Во Куманово во последно време има капитал. Луѓето донесоа пари од Блискиот Исток, а за останатите невработеноста е голема. Луѓето во најголем дел работат за 10 илјади денари, со тие пари не се излегува на крај
објавуваат намалени цени на најразновидни производи. Кумановци кои имаат деца првин нив ги обезбедуваат со најпотребните работи, а за друго колку ќе остане. На заминување дома ги пребројуваат остатоците во паричниците и констатираат дека потрошиле повеќе од планираното или од заработеното. И не ретко се слуша дека сиромав човек е жив ѓавол.
Како се живее во Куманово?

„Во Куманово во последно време има капитал. Луѓето донесоа пари од Блискиот Исток, а за останатите невработеноста е голема. Луѓето во најголем дел работат за 10 илјади денари, со тие пари не се излегува на крај.“

„Многу тешко, вработувањето ми е проблем.“

„Кој како. Со пензија само за сметки и за лекарства.“

„Добро е. Пензионерски. Ние средно. Сами ги трошиме пензиите.“
Добро е. Ние сме раселени од Матејче ако сте слушнале. Оди некако. Добивме обесштетување

Но и:

„Со две илјади денари социјална помош, купувам пиперки и патлиџани, леб, нема веќе, сметки...“

Куманово е и град на внатрешно раселените лица кои иако деветта година не стапнале во нивното село Матејче се претставуваат дека се од таму и:

„Добро е. Ние сме раселени од Матејче ако сте слушнале. Оди некако. Добивме обесштетување.“

Младите, студентите, средношколците се снаоѓаат секој на свој начин. За нив најважна е забавата, ноќниот живот:

„Студирам. Ноќен живот во никој случај. Слободното време го минувам дома, шетам во природа, надвор од Куманово-пешачење.“

Куманово
„Ноќен живот има, јас сум средношколка и треба сам да си го направиш.“

И покрај тоа што кумановци не можат да се пофалат со висок животен стандард речиси да нема кафуле во кое има многу слободни места. Во нив кумановци од сите возрасти се среќаваат, заседнуваат на разговори. Ако немаат пари за кафеани сепак тие се снаоѓаат за кафе или чај. Најчесто самите си велат дека животот минува, а парите никогаш не се доволно или најчесто ги нема.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG