Достапни линкови

Франција: Романија да го спречи масовното заминување на Ромите


Франција денеска ја повика Европската комисија да ја натера Романија да го спречи масовното заминување на Ромите од земјата. А ако земјата не успее во тоа тогаш на Букурешт би можело да му биде запрен приемот во шенген зоната на слободна трговија и движење на луѓето Француската влада ја брани својата одлука за протерување на стотици Роми минатата недела, истакнувајќи дека масовната имиграција од Романија е проблем на Европа. Францускиот премиер Франсоа Фијон напишал писмо до претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо барајќи да презеде чекори како би се обезбедило четирите милијарди евра кои ЕУ годишно и ги дава на Романија да се искористат и за сместување на Ромите.
XS
SM
MD
LG