Достапни линкови

Експлозија ја прекина испораката на гас од Иран за Турција


Од екплозија е уништен иранско-турскиот гасовод поради што се прекинати испораките на гориво од Иран за Турција, соопштуваат турски преставници. Инцидентот се случил синоќа на турска територија во областа Агр во близина на иранската граница. Според гувернерот на областа, одговорни за експлозијата се курдските бунтовници. Во инцидентот нема повредени, но експлозијата предизвикала пожар кој сега е изгаснат. Испораката на гас ќе биде обновена за шест до седум дена. Ова е втора експлозија за само еден месец на гасоворот преку кој Турција се снабдува со гас од Иран.
XS
SM
MD
LG