Достапни линкови

logo-print

Уапсен осомничен за геноцидот во Сребреница


Босанските власти го уапсиле поранешниот полициски офицер Драган Нешковиќ, обвинет за учество во масакарот на босанските муслимани во Сребреница. Обвинителството соопштува дека Нешковиќ бил уапсен денеска во Република Српска. Босанките Срби убија повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња во јули 1995-та откако ја презедоа контролата врз Сребреница, зона која беше под заштита на ОН. Меѓународниот суд за правда маскарот го прогласи за акт на геноцид.
XS
SM
MD
LG