Достапни линкови

Во Авганистан убиени двајца шпански полицајци


Шпанската влада соопшти дека авганистански полицаец на обука отворил оган врз неговите инструктори при што убил двајца шпански полицајци, како и нивниот преведувач. Напаѓачот веднаш бил застрелан. Потоа стотици авганистанци се собраа на протест пред базата во западната провинција Бадгис каде што бил убиен авганистанскиот полицаец.
XS
SM
MD
LG