Достапни линкови

Одложена екстрадицијата на рускиот дилер со оружје


Тајландскиот премиер Абхисит Веџаџива изјави дека е одложена екстрадицијата на руски дилер со оружје Виктор Боут во Соединетите држави каде што треба да му се суди за тероризам. Тој тоа го образложи со продолжување на судскиот процес. Според некои извештаи, американските обвинители поднесле дополнителни обвинувања против него за перење пари и измама. Боут кој е познат како еден од главните илегални дилери на оружје во светот се изјасни како невин, а Русија веднаш се спротивстави на неговиот трансфер во Соединетите држави, каде што се соочува со доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG