Достапни линкови

Продолжија судирите во Могадишу


Во Могадишу изутрината продолжиле судирите меѓу исламските бунтовници, шебаби, и силите за безбедност на Сомалија кои се поддржани од 6 илјади војници на Африканската унија. Агенциите јавуваат дека судири биле забележани на неколку места во градот и оти имало неколкумина убиени. Од понеделникот досега во Могадишу заганиле над 35 цивили, најмногу 30, во вчерашниот самоубиствен напад врз еден хотел. Бунтовниците ја имаат контролата врз централниот и јужниот дел на Сомалија и сакаат да го освојат главниот град.
XS
SM
MD
LG