Достапни линкови

Суспендирани полицајци поради заложничката криза


На Филипините биле суспендирани четворицата филипински полицајци кои раководеле со акцијата за завршување на заложничката криза во која загинаа осум туристи од Хонг Конг. Полицијата призна дека неумешно се справила со кризата која почна откако во Манила поранешен полицаец киднапирал туристички автобус со 25 патници. Драмата траеше десет часа, а киданперот бил убиен со снајперски истрел, но откако убил осуммина туристи.
XS
SM
MD
LG