Достапни линкови

Калиниќ израчан во Србија


Припадникот на Земунскиот клан Сретко Калиниќ кој во Србија е осуден, меѓу другото, и за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во текот на изминатата ноќ бил приведен во Окружниот затвор во Белград. Калиниќ е осуден на 30 години затвор за атентатот врз српскиот премиер и на 40 години за повеќе други убиства кои ги извршил Земунскиот клан. Тој вчера во Загреб беше осуден на година ипол затвор за поседување фалсификувани исправи. Србија побара негово израчување во јуни годинава, неколку дена по неговато апсење во Загреб откако врз него стрелал Милош Симовиќ, исто така осуден за убиството на Ѓинѓиќ.
XS
SM
MD
LG