Достапни линкови

Низа активности за 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза


По повод 100-годишнината од раѓањето на големата хуманистка и нобеловка за мир, Гонџа Бојаџиу, Блажена Мајка Тереза, денеска во Скопје, нејзиниот роден град ќе се одржат низа активности. Во Домот на АРМ ќе се одржи свечена академија, а пред нејзиното светилиште ќе има роденденско мајчинско бдеење. Во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „100 портрети на Мајка Тереза“ од сликарот Мифтар Мемети. Утре на денот на нејзиниот роденден ќе биде положено цвеќе на споменикот на Мајка Тереза, а ќе се одржи и свечена седница во Собранието, кога ќе биде врачена и државната награда „Мајка Тереза“.
XS
SM
MD
LG