Достапни линкови

ЕУЛЕКС ќе го чува Харадинај


ЕУЛЕКС денеска ја прифати, под одредени услови, одговорноста за пуштање на привремена слобода на претседателот на Алијансата за иднината на Косово и поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај и неговиот соработник Љахи Брахими до почетокот на новото, делумно обновено судење. Во соопштението се наведува дека Мисијата на ЕУ на Косово прифатила Харадинај да биде привремено пуштен на слобода од Хашкиот трибунал, под услов во тој период да не ја напушта територијата на општините Приштина и Глоѓане, како и дека ќе ги известува официјалните лица на ЕУЛЕКС најмалку 24 часа претходно, секој пат кога ќе преминува од една во друга општина. Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал пред еден месец одлучи судењето на Харадинај, обвинет за злосторства на Косово во 1998 година, делумно да биде повторено.

XS
SM
MD
LG