Достапни линкови

Рамковни вработување на Ромите


Од 250 лица од етничките заедници што овој месец треба да бидат вработени во јавната администрација, 110 ќе бидат од ромската заедница.

Во Македонија досега со јавната администрација се опфатени 0,58 Роми. Овој месец ќе се објави оглас со кој ќе се вработат 250 лица од етничките заедници од кои 110 ќе бидат Роми. Огласот ќе биде објавен преку Секретарјатот за Рамковен договор.

„Првично ќе бидат сите распределни во Секретаријатот, а потоа Секретаријатот ќе врши прераспределба во одделни министерства, управи, агенции итн“,
Во 2010 година невработеноста кај Ромите во споредба со другите етнички заедници е 73% невработени.
изјави Јаша Сефер шеф на кабинетот на министерот Неждет Мустафа.

Во Македонија официјално живеат околу 55 илјади Роми, но се проценува дека нивниот број е три пати поголем. Вработувањето на Ромите во јавната администрација се совпаѓа со петгодишнината од имплемнтацијата на декадата на Ромите. И покрај тоа што се спороведуваат проекти за што поефикасно спроведување на заклучоците од овој историски состанок некои резултати и по пет години не се видливи, оценува Мухамед Точи претставник на невладиниот сектор:

„Во 2010 година невработеноста кај Ромите во споредба со другите етнички заедници е 73% невработени. Можеби во моментот е интересно вработување, интересно е и јазикот и културата итн, се што опфаќа Рамковниот договор.“
Првично ќе бидат сите распределни во Секретаријатот, а потоа Секретаријатот ќе врши прераспределба во одделни министерства, управи, агенции итн...


Деца во рурална ромска населба Три багреми во Прилеп

За да допринесат во унапредуавањето на условите за живот на припадниците на ромската заедница претставници на земјите од Централна и Источна Европа меѓу кои и Македонија потпишаа Декларација со која се обрзуваат дека нивните земји ќе водат ефикасна и делотворна политика која ќе допринесе за натмошна општествена еманципација на Ромите. Декадата на Ромите е инагурирана во 2005 година. Со цел да се види до каде е имплементацијата на декадата на Ромите министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами и амбасадорот на ОБСЕ Хосе Луис Хереро потпишаа меморандум за разбирање, а во наредниот период ќе се направи ревизија на сработеното. Ромската заедница има политичко влијание односно пратеници во Парламентот и своја општина, а Македонија е прва земја во која ромската зедница има градоначалник, изјави амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро, но оцени дека потребни се поголеми напори:

„Има многу потреби. Тие се однесуваат на економските, социјалните и образовните потреби“, изјави амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хереро.

Министерството за труд и социјална политика поаѓајќи од вредностите на социјалната правда еднакви шанси и права за сите потсети дека покренува реализација на неколку акциони планови. Еден од нив се однесува на вклучување на Ромите во предучилишното образование. Со проектот се опфатени 19 општини и 447 деца, а плановите за наредната година е да бидат вклучени 777 деца.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG