Достапни линкови

Советот на Европа со критики до Франција


Агенцијата за борба против расизам и нетолеранција при Советот на Европа денеска во Стразбур изрази длабока загриженост поради протерувањето на Роми кои илегално живееле во Франција. Од Агенцијата велат дека ја предупредиле земјата да не преземаат такви чекори спрема Ромите, но и покрај повикот, властите решија да ги протераат Ромите во земјите од каде што дошле. Во соопштението на организацијата се наведува дека Франција треба да го почитува правото на граѓаните на земјите од ЕУ да патуваат и присуствуваат на територијата на друга земја од Унијата.
XS
SM
MD
LG