Достапни линкови

Поставени двата лава


Поставување на Лавовите на мостот Гоце Делчев

Поставување на Лавовите на мостот Гоце Делчев

Владата најави ново задолжување со кредит од ММФ, но во исто време не се откажува од проектот Скопје 2014. Двата лава поставени на мостот Гоце Делчев.

Бесмислено и нелогично е инсистирањето на Владата да продолжи со реализацијата на проектот Скопје 2014 година, а воедно да се задолжува во странство и да не им ги враќа парите на компаниите, велат граѓаните и експертите. Последни во низата споменици кои се поставија низ Скопје се скулптурите на двата лава на мостот Гоце Делчев, а деновиве ќе бидат поставени уште два лава. Во меѓувреме
Тоа не е убаво, затоа што народот страда, а тие трошат народни пари.
владата најави дека ќе повлече 75 милиони евра од ММФ, а парите ќе ги потроши на враќање кредити во странство и финансирање на буџетскиот дефицит, а не на долгот кон стопанството. Во време на беспарица според граѓаните владата и натаму гледа да ги оствари своите идеи, без да помисли на народот.

Поставување на Лавовите на мостот Гоце Делчев
„Тоа не е убаво, затоа што народот страда, а тие трошат народни пари.“

„Јас мислам дека водат погрешна политика со тоа. Најлесно е да се раководи со сиромашен народ, слаб народ.“
Јас мислам дека водат погрешна политика со тоа. Најлесно е да се раководи со
сиромашен народ,
слаб народ.

„И тие ’комунистите‘ и овие, волци, волци...“

„Ги наполнија џебовите и ред други работи се прават, а граѓаните леб немаат да јадат.“

Владата, со проектот Скопје 2014, сака да го зацементира кај граѓаните мислењето дека таа нешто направила за земјата и дека тоа е многу видливо и очигледно, вели професорот Христо Карталов. Форсирањето на проект кој не е економски исплатлив во време на криза и голема задолженост е ирационална политика, вели тој.

„Во економијата секој пат кога имате средства, поаѓате од средствата и плановите, но сепак се прави приоритет со тие средства што може да се направи и што ќе донесе поголем ефект, поголеми благодети. Потребите се поголеми, отколку што се можностите. Жално е што и премиерот, а и голем број други луѓе таму се економисти, но не ја перцепираат економската логика.“

Од опозициската СДСМ сметаат дека со двата милиони евра кои биле потрошени за скулптурите на лавовите и кои ќе ги платат граѓаните од свој џеб, владата можела да го реши проблемот со млекарите и да реновира две болници.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG