Достапни линкови

logo-print

Трибуналот во Хаг не ја потврдува информацијата за Тачуловски


Хашкиот трибунал не ја потврди информацијата објавена денеска во некои медиуми дека претседателот на Судот донел одлука Јохан Тарчуловски да ја издржува казната во друг затвор, односно да биде префрлен во друга држава. Портпаролот на Трибуналот Нерма Јелич изјави дека во овој момент не може да потврди дека таква одлука е донесена од претседателот на Хашкиот трибунал. Таа изјави дека практика на Трибуналот е да ја објави одлуката за префрлање на осуденик откако ќе се случи тоа префрлување. Ниту адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апастолски не може да ја коментира информацијата за префрлање на Јохан во затвор во Германија. Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија. Му остануваат уште 7 години од казната
XS
SM
MD
LG