Достапни линкови

Русија:сушата ќе влијае на БДП-то


Најлошата суша која ја зафати Русија ќе го намали за најмалку 0,7 или 0, 8 проценти растот на бруто домашниот производ за 2010-та година. Заменик-министерот за економски развој Андреј Клепач изјави дека подетални информаци за влијанието ќе има дури по жетвата во ноември. Сушата и пожарите уништија една четвртина од житните култури во Русија, по што властите донесоа одлука да забранат извоз на жито што предизвика пораст на цената на пченицата на светските пазари.
XS
SM
MD
LG