Достапни линкови

Пакистан:3 години за обнова на земјата од поплавите


За обнова на областите погодени од поплавите во Пакистан, ќе бидат потребни најмалку 3 години, изјави денеска пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Тој денеска ја бранеше Владата од критиките дека споро реагирале во кризната ситуација, велејќи дека станува збор за катастрофа со огромни размери. Премиерот на Пакистан Јусуф раза Гилани го предупреди населението да се припреми за евентални појави на епидемии. Се предвидува дека околу 3, 5 милиони деца во земјата може да се разболат од различни болести предизвикани од загадена вода, како и од разни облици на респираторни инфекции и кожни болести.
XS
SM
MD
LG