Достапни линкови

ОН:Израел не соработува во истрагата за напад на флотилата


Израелските власти не соработуваат со Советот за човекови права на ОН во истрагата која се води за нападот на флотилата која носеше помош за Газа, при што загинаа 9 луѓе. Властите во Израел не обезбедија пристап за истражниот тим кој треба да утврди дали израелските командоси го прекршиле меѓународното право со нападот на флотилата во мај годинава, соопштуваат од Советот за човекови права на ОН. Израел соработува со посебно тело на ОН кое е предводено од поранешниот премиер на Нов Зеланд Џефри Палмер и поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе.
XS
SM
MD
LG