Достапни линкови

Тарчуловски остатокот од казната ќе ја служи во Германија


Остатокот од 12-годишната затворска казна, единствениот македонски осуденик за воени злосторства од воениот конфликт во 2001-та, Јохан Тарчуловски ќе ја отслужи во Германија. Ваквата одлука ја донел претседателот на Трибуналот, Патрик Робинсон. Хашкиот трибунал го прогласи Тарчуловски за виновен во јули 2008 година затоа што командувал и ја планирал полициската акција во село Љуботен кога беа убиени тројца цивили етнички Албанци. Трибуналот го прогласи за виновен и за сурово постапување како и за уништување на куќите и имотот на уште 13 етнички Албанци во истата полициска акција. Јохан Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг во март 2005 година на барање на Трибуналот, а во затвор треба да остане уште седум години.


XS
SM
MD
LG