Достапни линкови

Во Авганистан неделава убиени 35 Талибанци


Најмалку 35 Талибанци се убиени оваа недела во источен Авганистан, во заеднички акции на меѓународните безбедносни сили и авганистанските војници, соопштуваат од мисијата ИСАФ. Од мисијата соопштуваат дека операциите што започнаа на 21 август се дел од напорите да се обезбеди безбедноста во земјата, пред парламентарните избори кои треба да се одржат следниот месец. Изборите во земјата се закажани за 18 септември, но властите соопштија дека повеќ од 900 избирачки места нема да бидат отворени заради безбедносни причини.
XS
SM
MD
LG