Достапни линкови

Иако граѓаните се жалат дека се потешко се живее, незадоволството не го изразуваат јавно. Зошто?

Зависност од мислењето на партиите, недоволна отвореност на институциите, но и недоволно развиен активистички дух. Ова се главните причини поради кои кај нас и натаму постои слабо развиена критичка јавност, сметаат експертите. Иако луѓето ги чувствуваат недостатоците на системот тие и натаму имаат проблем да ги ефектуираат своите барања, забележува политичкиот аналитичар Здравко Савевски:
И кога ќе го подигнат гласот тогаш тоа е партиска мобилизација и често на пример, одредени прашања се создаваат како проблем или се ,,надувуваат„ а други прашања ги нема присутни во медиумите и граѓаните и незнаат дека тоа е
проблем.


„И кога ќе го подигнат гласот тогаш тоа е партиска мобилизација и често на пример, одредени прашања се создаваат како проблем или се „надувуваат“, а други прашања ги нема присутни во медиумите и граѓаните и незнаат дека тоа е проблем.“

Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието, на 10 јуни годинава

Пример за несериозен однос кон образовниот процес беа последните состојбите каде учениците и наставниците ќе мора да ја импровизираат наставата до издавањето нови учебници. И неколку трагични случаи на родилки ја растревожија јавноста. Овие состојби не го спречија растот на цените. Пченицата достигна висок скок. Иако граѓаните и во овој случај може да бидат загрозени од лошите политики никој не се решава да го подигне гласот. Според опозицијата кризата е вештачка и директно атакува врз граѓаните. Но, овие критики нема да донесат поквалитетни состојби. Никој од експертите повеќе не го негира фактот дека моделот на однесување на јавноста всушност го креираат политичките партии кои учествуваат во парламентот и тој се покажува не секогаш корисен за интересите на граѓаните. А дека постои развиена критичка свест, но недостасува критичка јавност се гледа и во делот на работничките права. Обично сите се жалат, но никој не излегува тоа јавно да го каже. Се добива вчечаток дека не толку тешко колку што луѓето имаат обичај да се жалат. На пример од синдикатот на текстилните работници предупредија оти од септември ќе има нови отпуштања на текстилци. Англеко Ангелков претседател на овој гранков синдикат коментира дека само 15 проценти од
Третиот канал се секако медиумите кои што треба да ги соопштуваат барањата или ставовите, па и интересите на политичката јавност и тие се исто така во незавидна положба, во определена положба во однос на
институцијата.
тестилците се членови на синдикатот:

„Јас велам дека е повеќе притисок од газдите за да не бидат членови, а покрај тоа довербата.“

Фрагаментираноста на јавноста дел од експерите ја објснуваат и во наследството од поранешниот систем, кој, како што смета комуникологот Сеад Џигал, не го охрабрува активизмот на локално ниво, односно граѓанските инцијативи. Дел од причините поради кои слободата на говор не е докрај развиена тој ги наоѓа и во како што наведува, недоволната функционалност на невладините организации кои треба да бидат посредници мегу граѓаните и институциите.

„Третиот канал се секако медиумите кои што треба да ги соопштуваат барањата или ставовите, па и интересите на политичката јавност и тие се исто така во незавидна положба, во определена положба во однос на институцијата.“

И Здравко Савевски смета дека медиумите треба да имаат улога да образуваат и да ги понудат двете стрни на проблемите за да може да се формира критичка свест.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG