Достапни линкови

Хисени - српската резолуција за Косово нема да успее


Косовските власти нема да поднесат до Генералното собрание на ОН своја резолуција за расправата за Косово која е закажана за почетокот на идниот месец во Њујорк, изјави министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени.
Институциите на Република Косово сметаат дека нема потреба за каква било резолуција. Ние и нашите заштитници се ангажираме српската резолуција да доживее неуспех во ОН, изјави тој синоќа во Приштина.
Генералното собрание на ОН според најавите, ќе расправа за предлогот на српската резолуција на Косово на 9 септември.
XS
SM
MD
LG