Достапни линкови

Исламисти нападнале Хотел во Могадишу и убија пратеници


Исламисти нападнале Хотел во Могадишу користен од власта во Сомалија. Се јавува дека неколкумина пратеници биле убиени. До ововој напад доаѓа по борбите меѓу исламските бунтовници и владините сили во главниот град Могадишу при што најмалку 20 сомалиски цивили се убиени, а десетици се ранети. Борбите избувнале откако исламистите на Ал Шабааб нападнале армиски бараки во неколку делови на градот. Оваа група е поврзана со Ал Каеда и се бори против про западната влада на Сомалија, која ја штитат 6 илјади мировници на Африканската Унија.
XS
SM
MD
LG