Достапни линкови

Петмина НАТО-војници загинаа во Авганистан


Петмина НАТО-војници, од кои двајца Американци, двајца Французи и една Унгарка загинале во серија напади на милитантите на различни локации во Авганистан. Во нападите се повредени и најмалку шестмина други војници.
Овој месец, во Авганистан загинале 47 војници на НАТО, од кои 30 Американци. Годинава, досега загинале повеќе од 450 војници на НАТО во Авганистан.
XS
SM
MD
LG