Достапни линкови

logo-print

Во Авганистан загинаа 3 војници на НАТО


Тројца војници на НАТО загинаа во судирите меѓу меѓунaродните сили и бунтовниците во Авганистан, , соопштија од командата на ИСАФ. Во нападите загинаа еден војник од Унгарија и двајца од Франција а уште шестмина се повредени. Со последните случаи , бројот на загинати Французи во Авганистан од декември 2001 година досега достигна 47. Бунтовниците пред да го почнат својот напад , прво фрлиле бомби врз конвојот кој се движел кон базата на ИСАФ во близината на градот Мазар-е-Шариф.

XS
SM
MD
LG