Достапни линкови

Косово:полицијата ја презеде одговорноста за Грачаница


Полицијата на Косово денеска ја презеде одговорноста за чување на манастирот Грачаница, соопштуваат од генералната дирекција на полицијата. Според полицискиот портпарол преземањето на одговорноста за Грачаница е голем чекор во процесот на јакнење на одговорностите на полицијата во Косово . Косовската полиција сега обезбедува 174 верски и културни објекти од кои 18 имаат постојано обезбедување. Советот на НАТО одлучи надлежностите од КФОР да и ги пренесе на полицијата.

XS
SM
MD
LG