Достапни линкови

Германија:намалување на бројот на војници за една третина


Германската влада денеска ги изложи плановите да се намали бројот на вооружени сили во земјата за една третина. Министерот за одбрана разговарал со пратениците за неговиот предлог бројот на војниците да се намали од 252 илјади на 163 илјади. Според планот на министерот, задолжителната воена служба ќе биде заменета со доброволен аранжман. Должината на воениот рок е веќе намалена од сегашната влада од девет месеци на шест.
XS
SM
MD
LG