Достапни линкови

logo-print

Ревизија на учебниците


Експертите поделени околу одлуката за ревизија на учебниците. За едни тоа е правилен потег, а за други ќе создаде дополнителен хаос во наставата.

На само неколку денови пред новата учебна година, министерот за образование Никола Тодоров се реши за радикален чекор, најавувајќи ревизија на сите учебници во кои се констатирани грешки. Процесот на ревидирањето на „фаличните“ учебници веќе е во тек, а формирани се и тимови за ревизија. За ваквата одлука на Тодоров меѓу експертската и научната јавноста има поделени мислење. Од тоа дека потегот на министерот е правилен, па до предупредувањата дека корекцијата на учебниците ќе создаде дополнителен хаос во
Воопшто сега нема потреба да се ревидираат сите учебници, тие ги поминале постпаките што биле предвидени, понатаму ако некој од авторите има приговори, си има постапки, жалби итн.
наставата. Постапката за отстранување на недостатоците бара многу време бидејќи откако ќе биде одобрен некој учебник треба да биде направена детална анализа која трае неколку месеци а во која треба да се вклучени врвни стручњаци, вели поранешниот министер за образование Ненад Новковски.

„Воопшто сега нема потреба да се ревидираат сите учебници, тие ги поминале постпаките што биле предвидени, понатаму ако некој од авторите има приговори, си има постапки, жалби итн, а оценувањето треба да се одвива по онаа редовна постапка што ја опишав каде што по некое време детално ќе се преиспитаат сите учебници од сите аспекти.“

Министерот за образование Никола Тодоров

„Преземам мерки за оваа настаната ситуација да ја разрешам. Нормално моја обврска е да ја лоцирам и да ја персонализирам одговорноста кај оној што е виновен за да се случи вакво нешто и да се ,,провлече" учебник кој што не ги задоволува квалитативните стандарди“, изјави неодамна во интервју за Радио Слободна Европа министерот за образование Никола Тодоров.
Колку и да бидат тие експерти за еден таков временски период неможат да бидат реални и објективни. Вреднувањето и евалуирањето на учебниците треба да биде перманентна работа на повеќе субјекти.


Идејата за измени на законот за учебници со која ќе се зголемаат ингеренциите на Националната комисија за учебници, според универзитетскиот професор Никола Петров, ќе предизвика дополнителни реперкусии во учебникарството. Националната комисија во никој случај не смее да дејствува во состав на Владата.

„Колку и да бидат тие експерти за еден таков временски период не можат да бидат реални и објективни. Вреднувањето и евалуирањето на учебниците треба да биде перманентна работа на повеќе субјекти.“

Бирото за образование проблемот во учебникарството го гледа во издавачките куќи кои воделе отворена борба дали ќе се учи од новиот учебник или од учебникот на конкурентите. Директорот на бирото Весна Хорватовиќ оценува дека со измените во законот за учебници ќе се спречи појавата од недоследности во книгите.

„Таму ренцензентите се тие што го вреднуваат ракописот и тој како таков оди на печатење. Значи се покажа потребата од создавање на дополнителни контроли, со цел да не се случуваат вакви проблеми.“

Извесно е дека основците од следниот месец ќе учат од учебници кои во истовреме ќе бидат ставени на проверка од страна на надлежните институции.

Тема на Хајд Паркот - Државен или Приватен Универзитет? Погледнете.

XS
SM
MD
LG