Достапни линкови

Дијалог меѓу Турција и ПКК?


Бунтовниците од Курдската работничка партија изјавија дека турската држава за прв пат почнала дијалог со лидерот на организацијата Абдула Оџалан, кој издржува казна доживотен затвор, пренесоа агенциите. Во соопштение на ПКК, се тврди дека нивното еднострано примирје, прогласено за време на Рамазан, е плод на дијалогот меѓу Оџалан и компетентните органи, што дејствуваат од името на турската држава со знаење на владата во Анкара. ПКК објаснува дека добила наредба од својот лидер привремено да ги запре нападите против турските сили.
XS
SM
MD
LG