Достапни линкови

logo-print

Словачка:еднострана независнот не е во интерес на Европа


Министерот за надворешни работи на Словачка Микулаш Џуринда денеска во Виена го критикуваше едностраното прогласување на независноста на Косово, истакнувајќи дека таа не е во интерес на Европа. Министерот по средбата со шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер, изјави дека едностраното отцепување на една група без одобрување на земјата не е во интерес на Европа, Тој истакна дека разликата меѓу независноста на Црна Гора и Косово е во тоа што Подгорица спроведе референдум со согласност на Белград. Џуринда изјави дека Словачка нема да ја признае независноста на Косово и има ист став во ЕУ како Кипар, Грција, Романија и Шпанија.
XS
SM
MD
LG