Достапни линкови

Грција:уапсен напаѓачот на Банката, кој држеше заложници


Грчката полиција го уапси вооружениот напаѓач кој при грабеж на банка во Пиреја , зеде и заложници. Од полицијата соопштуваат дека заложниците се ослободени неповредени. Ограбувачот два часа држеше 15 заложници во Банката. Тој со уште двајца соработници се обидел да ја ограби банката. Неговите соучесници биле уапсени кога излегувале од банката, но главниот напаѓач останал внатре и зел заложници, во обид да преговара со полицијата да го пуштат во замена за луѓето.
XS
SM
MD
LG