Достапни линкови

Пожар на Ибица, се евакуираат туристи


Околу 1.500 меѓу кои најмногу туристи се евакуирани поради пожар на плажите во северниот дел на шпанскиот остров Ибица. Пожарот избувна вчера, и досега изгореа околу сто хектари борова шума и 24 возила, а огнената стихија им се заканува и на четириесетина куќи во заливот Бенирас, на северозападниот дел од островот. Пожарникарите , на кои им се приклучиле и војници и 11 хеликоптери успеале да го стават пожарот под контрола, соопштуваат локалните власти
XS
SM
MD
LG