Достапни линкови

logo-print

Белорусија разгледува нови нафтени проекти


Министерот за надворешни работи на Белорусија рече дека Минск е сериозно заинтересиран за нафта од Венецуела која треба да ја добиваат од Летонија, за да се намали зависноста на земјата од руска нафта. Министерот Сегеј Мартинов денеска е во посета на Рига главниот град на Лаетонија на средби со неговиот латвиски колега за да разговараат за стратегија за нафтата да поминува низ Балтичките земји. Летонија е во преговори да добива 550 илјади барели нафта од Венецуела. Преставници на Летонија претходно изјавија дека се разгледува можноста за соработка со Белорусија. Белорусија и Русија имаат чести несогласувања за транспортот на нафта.
XS
SM
MD
LG