Достапни линкови

Собраниска седница по одморите


Собраниска седница
Собраниска седница

Ќе успеаат ли парламентарците да најдат решение за Деловникот и Комисијата за контрола на трошењето на народните пари?

Прашањето за Деловникот мора да се реши и да се тргне од дневниот ред, а треба да се размислува и за формирањето на Комисија за контрола на трошењето на народните пари, сметаат од опозициските партии. Собранието денеска прв пат заседава по годишниот одмор. Овие две точки се проблематизираа пред „летниот распуст“ на пратениците. Додека од опозицијата велат дека потребно е да се дискутира за овие точки, од власта за сега се недостапни за коментар. Од владеачката партија, пред одморите, изразија желба овие две прашња да се решат што е
Иако имавме целосно отстапување од првите предлози кои што беа во полза на деловникот, во врска со деловникот, сепак не наидовме на разбирање од страна на власта
можно побрзо. Зоран Заев од опозициската СДСМ смета дека власта не ги слуша предлозите на опозицијата дури и во услови кога опозиционерите прават отстапувања во дискусијата за деловникот:

,,Иако имавме целосно отстапување од првите предлози кои што беа во полза на деловникот, во врска со деловникот, сепак не наидовме на разбирање од страна на власта. Ова наше отстапување беше целосно во функција на демократските процеси во државата, на дијалогот, на меѓусебното разбирање, сепак на крајот за да се најдат причини од власта да не се прифатат ваквите наши отстапки."

Зоран Заев
Согласно Уставот, мора да има контролен механизам за трошењето на народните пари, смета Заев:

,,Мислам дека би не осудила цела македонска јавност и нас и власта доколку тој механизам кој што по Устав треба да биде присутен во Парламентот не го вградиме како можност за граѓаните."
Важно е во Собранието да се дебатира по ревизорските извештаи и пратениците да знаат како се трошат парите од буџетот


И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ мора да се договорат за деловникот, за таа точка да биде симната од дневниот ред, смета пратеничката на Либерално - Демократската партија Роза Топузова Каревска, потсетувајки дека и Европската Комисија имала забелешки за ова прашање:

,,Тоа значи дека и едните и другите мора да најдат компромис со тоа што ВМРО ДПМНЕ како партија која што го има парламентарното мнозинство мора да има слух за барањата на опозицијата."

Во врска со контролата на трошењето на народните пари и пратениците и народот треба да знаат како се трошат парите од државната каса, вели Каревска:

,,Важно е во Собранието да се дебатира по ревизорските извештаи и пратениците да знаат како се трошат парите од буџетот."
XS
SM
MD
LG