Достапни линкови

logo-print

Поделеност во коментарите на нашата веб страна на прашањето каде е подобро да се студира, на приватен или на државен универзитет?

Интересно нешто забележувам, почитувани, читајќи ги вашите пораки на www.makdenes.org, нашата адреса, нели, во врска со поставеното прашање: На кои факултети е подобро да се студира, на државните или на приватните? и одговорите на ова прашање на анкетираните млади луѓе во нашата видео-анкета: во неа преовладуваат одговорите дека на државните факултети се добива поквалитетно знаење, дека таму нема плати-положи испит, дека чинат поевтино и слично.



Додека во пишаните пораки преовладува мислењето дека е подобро да се студира на приватен факултет. Митко од Скопје смета дека е подобро на приватен, ама проблем се, вели, парите. Но, кога ќе соберете се' заедно на државен, испити, паѓање, малтретирање од професори, излегува поскапо на државните, а за квалитетот на наставата да не
зборуваме. Митко пишува дека завршил економија на државниот факултет, а немал поим од економија, па самиот си одговара дека причината за тоа е што нема никаква практична обука. Освен тоа, Митко кажува и една општо позната, иако, неофицијална вистина, дека ако имаш да платиш и ако имаш врски на државните факултети ќе завршиш без проблем, инаку ќе ,,гуглаш,,како што пишува едно 6-7 години. Нашиот редовен слушател и пишувач на пораки Џони од Валандово во своето мислење покажува интересна логика, а вклучил и малку политика: Вели, ,,најбоље е да се студира во странство, ама за тоа треба да си странец или да си богат. Ако си странец значи не студираш у странство, туку дома, а ако имаш пари, па што ќе ти е факултет?,,. Потоа ја цитира девизата на, како што вели, грујовистите: ,,Знаењето е моќ, а председнико,, пишува Џони од Валандово, „го посеа семето за младите лидери“ и сега се чудам како во земја со такви реинкарнации на Преродбениците и на Св.Климент живеат толку слепци. До нас ќе да е – уште не прогледавме откако Византијците ни ги извадија очите нај Беласица,, заклучува Џони, не давајќи баш најдециден одговор дали е подобро да се студира на државен или на приватен факултет. Инаку, народов, се чини, не ни е задоволен од работата на Собранието и од пратениците: на веб-страницата на Радио Слободна Европа на македонски јазик, знаете, на левата страна, на нашето прашање како ја оценувате работата на Парламентот, 77,1 отсто сметаат дека таа е лоша, а 8,4 отсто – одлична. Белки некој од народните избраници ќе ја отвори нашата веб-страница…
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG