Достапни линкови

Босна - „Безимени деца“


Семејството Мешковиќ

Семејството Мешковиќ

Според податоците на меѓународните организации, во Босна и Херцеговина живеат околу 6.000 деца кои никогаш не биле запишани во матичната книга на родените.Тоа значи дека тие деца како да не постојат, во официјалните документи тие немаат име и презиме, немаат праава, не се здраствено осигурани, ниту можат да примаат детски додаток.

Салих Мешковиќ и Рајка Мујиќ се во брак шест години и имаат три малолетни деца. Салих е државјанин на БиХ и единствен кој има документи од целото семејство. Неговата сопруга има само извод од книгата на родените, а децата го немаат ни тоа, бидејќи не биле на време запишани. Рајка е родена во Србија, нема ниту државјанство, ниту лична карта. Тое е основната пречка што не можеле да ги запишат децата во книгата на родените. Сето тоа им преставува проблем, најмногу кога ќе се разболат децата:

„Кога одам на лекар, секогаш ми бараат 40 марки за преглед. И така кога децата ќе се разболат, не можам да ги носам на лекар, им давам сируп или нешто слично“, раскажува Рајка.

Неодамна тие се обратиле до здружението „Вашите права“ и побарале децата дополнително да бидат запишани.
Слична судбина како семејството Мешковиќ има и Џејна Хасиќ од Тузла. Џејна раскажува дека е родена дома и мајка и никогаш не ја запишала во книгата на родени. Но и Џејна не ја запишала нејзината ќерка. Дополнителното запишување на возрасни луѓе во
Тоа ли е држава?! Тоа не е никаква држава. Никој не те прашува дали имаш пари, дали можеш, само ти викаат, дај 1.200 за упис, 600 за.... А каде да ги најдам.
Од каде?!
матичната книга на родени е комплицирана работа, која бара и судски процес, ДНК анализи и многу, многу документи. А сето тоа чини, а нема пари, вели Џејна:

„Каде и да отидам, на секоја врата-значи и во Тузла и во Бановичи, сите ми велат: Ти немаш своја ѕвезда! Тоа ли е држава?! Тоа не е никаква држава. Никој не те прашува дали имаш пари, дали можеш, само ти викаат, дај 1.200 за упис, 600 за.... А каде да ги најдам. Од каде?!“ се прашува Џејна.



Овие примери се само дел од многубројните случаи на луѓе кои немаат документи. Најголема улога во решавањето на нивните проблем имаат меѓународните организации во БиХ. УНХЦР од 2008-та година активно работи на овој проблем и до сега се завршени 1466 процедури за 875 луѓе. Во Република Српска неодамна беше донесен Закон за матична книга на родени, според кој детето треба да биде запишано најдоцна 60 дена по раѓањето, во спротивно се предвидени парични казни од 50 до 150 марки.

Салиха Џудерија, помошник министер за човекови права и бегалци вели дека секое дете и
Кога жена која нема здраствена книшка ќе се породи во болница, тогаш таа не може да добие отпусна листа, а за упис во книгата на родени ви треба отпусна листа од болница и лични карти на двајцата родители. Проблем преставува и тоа што немаат лични карти.
секое семејство без документи преставува проблем за заедницата .

„Проблемот на незапишување во книгата на родени е еден од најсериозните проблеми во државата и затоа државата мора да ги елиминнира таквите појави. Проблемот е особено изразен кај Ромите. Ни претставува проблем, кога жена која нема здраствена книшка ќе се породи во болница, тогаш таа не може да добие отпусна листа, а за упис во книгата на родени ви треба отпусна листа од болница и лични карти на двајцата родители. Проблем преставува и тоа што немаат лични карти“, вели Индира Бајрамовиќ, претседателка на здружението на жени Ромки „Подобра иднина“.

Во БиХ, проблемот на „безимените“ деца со години е игнориран, што ја става земјата во иста група со држави како Индија, Пакистан, Африка и Јужна Америка, каде постојат вакви проблеми.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG