Достапни линкови

Синот на Мубарак почна кампања за избор на претседател


Во Египет се појавија плакати на кои синот на претседателот Хосни Мубарак се преставува како кандидат за претседател. Помладиот син на претседателот, Гамал Мубарак е еден од можните наследници на претседателот кој е 30 години на чело на државата. Но многу Египјани се противат на идејата за таква смена на власта. Дури и дел од членовите на владејачката Националистичка демократска партија не се убедени дека Гамал би можел да биде претседател. Минатата година Хосни Мубарак потврди дека нема да се кандидира за шести претседателски мандат. Изборите за претседател се закажани за наредната година, на есен.
XS
SM
MD
LG