Достапни линкови

Карзаи:нема преговори со Талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека не постојат формални мировни преговори меѓу неговата влада и Талибанците, иако призна дека имале контакти. Карзаи рече дека е јасeн курсот за идните разговори за мир со милитантите кои не се дел од Ал Каеда и други терористички мрежи .Авганистанскиот претседател за одлуката која ја донесе минатата недела за расформирање на приватните безбедносни компании, рече дека тоа било неоходно бидејќи тие го попречувале развојот на авганистанската полиција и безбедносните сили.


XS
SM
MD
LG