Достапни линкови

Само неуспех може да ги врати американските сили во Ирак


Командантот на американските сили во Ирак, генерал Реј Одијерно изјави дека само „целосен неуспех“ може да ги натера безбедносните сили на САД да ја обноват борбената операција во таа земја. Тој изјави дека ирачките безбедносни сили добро се снаоѓаат и оти тие им веруваат дека до неуспех нема да дојде. Во Ирак до крајот на 2011-та ќе останат околу 50 илјади американски војници кои ќе се занимаваат со обука и со пружање помош на ирачките сили. Бројот на американските војници е драстично намален, на пример во 2007-та имаше 170 илјади војници во Ирак .
XS
SM
MD
LG