Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: ОН не треба да ја признае независноста на Косово


Српскиот заменик премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека е нереално да се очекува Србија во Генералното собрание на ОН да прифати носење резолуција со која би се признала легалноста на независноста на Косово. Тој изјави дека целта на Србија е тоа тело да не усвои резолуција со која прашањето на Косово ќе биде готово. Претставниците на меѓународната заедница треба да кажат што е нивниот концепт и определба, односно кој ќе гарантира дека Албанците нема да ги протераат Србите од северот на Косово, како ќе ги заштита српските историски и религиозни наследства и дали за влез на Србија во ЕУ ќе биде услов признавањето нa независностa на Косово, рече Дачиќ.
XS
SM
MD
LG