Достапни линкови

Во Авганистан загинале 4 американски војници


Четворица американски војници се убиени денеска во престрелки во источен и јужен Авганистан, соопштуваат од Алијансата. Од таму велат дека тројца од војниците загинале во престрелки а еден при експлозија на рачно направена бомба. Според владините претставници, во борбите ширум земјата овој викенд загинале пет авганистански војници и најмалку 17 милитанти.

XS
SM
MD
LG