Достапни линкови

Москва:проблеми на митингот организиран од опозицијата


Полицијата во Москва спречила да се однесе музичка опрама за да се одржи рок концерт за време на протестен митинг на опозицијата во центарот на градот на плоштадот Пушкин. Но ни тоа не ги спречило рок ѕвездата Јури Шевчук и 800 други луѓе да пејат без микрофони во центарот на Москва. Полицијата го приведе организаторот на кампањата во близина на плоштадот. Протестот и концерот се за да се спречи изградбата на автопат кој ќе поминува низ шумата Кимки . Полицијата спречи околу 100 активисти од опозицијата да маршираат низ главниот град, и приведе двајца членови на опозициското движење „Солидарност“ кои сакале да го предводат маршот. Организаторите имале дозвола само за митингот, не и за марш и за концерт. Активистите го прославуваат Ден на знамето, празник во чест на тробојното знаме усвоено по падот на Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG