Достапни линкови

logo-print

Министерството за земјоделство: Нема криза со лебната пченица


Од Министерството за земјоделство реагира на денешната прес-конференција на Либерално-демократската партија и велат дека нема нарушување на пазарот со пченица и дека секојдневно се следи состојбата. Од таму велат дека нема никаква криза . Одлуката за врзувањето на ивозот на пченица и на брашно со откуп на домашната пченица е донесена врз опсежна анализа и по бројните разговори и барања на земјоделците и на мелничарите, стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од ЛДП побараа Владата веднаш да отстапи од планот за откуп на пченица три спрема еден, со која би се дозволило да се увезува истата за да се избегне вештачката моментална криза.
XS
SM
MD
LG