Достапни линкови

Австралија:партиите во трка за мнозинство


Двете главни политички парти во Австралија започнаа преговори со независните кандидати со цел да формират коалиција и да добијат мнозинство со што би формирале влада. На изборите одржани вчера и двете партии, централно-левичарската Работничка Партија и конзервативната Либералната партија добија по71 место, а за мнозинство им се потребни 76 места. . Премиерот Јулија Гилард планира разговори со пет независни членови во Долниот дом. Лидерот на Либералната партија Тони Абот вели дека и тој веднаш ќе започне преговори со истите независни преставници и да формира влада за да ја замени Гилард на премиерското место.
XS
SM
MD
LG