Достапни линкови

Повредни при протести во Ирак поради рестрикции на струја


Десет полицајци и шест демонстранти се повредени за време на немирите кои избиле во тек на протестите на југот на Ирак, каде мештаните излегоа на улиците незадоволни поради рестрикција на струјата. Од крајот на јуни на југот на земјата има рестрикции на струја , а граѓаните се назадоволни што неможа да ги користат клима уредите и фрижидерите во услови кога температурата е повеќе и од 50 степени. Демонстрантите почнале да фрлат камења по полицијата а полицајците одговориле со водени топови . Во летниот период на југот на Ирак струја има само по 2 часа во текот на денот.
XS
SM
MD
LG