Достапни линкови

Романија:откриени 36 мигранти во камион


Романските и унгарските гранични полицајци фатија 36 илегални мигранти од Ирак и Авганистан кои се криеле во камион кој носел храна. Романската полиција соопшти дека мигрантите биле пронајдени во специјален оддел од камионот со полски регистарски таблички. Камионот патувал за Унгарија. Во март, 50 мигранти од Авганистан, меѓу кои и 15 деца, беа откриени во камион на границата меѓу Романија и Унгарија.


XS
SM
MD
LG